Натписот во манастирот „Свети Архангел Михаил“ - Варош од 996 година...

Пишан збор

Пишан збор

„Книгата е повредна од сите споменици и од сите гробници, кои се насликани со насликани столбови, зашто книгата гради споменици во срцата на оние, кои ја читаат“.

„Книгата е – магија! Книгата и писмото го преобразиле светот! Во книгата се содржи сето памтење на човечкиот род, зашто таа е толкувач на човечката мисла. Светот без книга е свет на дивјаштвото!“.

Почетоците на пишаниот збор во Прилеп треба да ги бараме во манастирските центри. Најстариот словенски пишан збор потекнува од влезот во манастирската црква „Свети Архангел Михаил“ во Варош и датира од 996 година.  Овој епиграфски споменик е втор по старост словенски натпис на кирилично писмо. И во периодот на Османлиското ропство, писменоста тесно е поврзана со животот во манастирите. За жал, богатата ризница на манастирски ракописи била разнесена од европските и руските патници, а некои ракописи биле запалени од фанариотите. Освен манастирот Трескавец, позначајни манастирски школи биле и „Свети Архангел Михаил“ во Варош, манастирите во Зрзе, Слепче, Прилепец, Кривогаштани, Мелница и Чебрен.

При крајот на XIX век, во Прилеп веќе има развиен процес на културна преобразба, кој не заостанува од прогресот во другите делови на Македонија.

Во оваа галерија, презентирани се насловните страни на книгите од богатиот опус на прилепските автори, од почетоците на појавата на пишаниот збор, па се до денес.

Нема Коментари

Коментирај