Петре Костов Пашата е роден во 1889 година во Прилеп.
Во својот роден град завршил основно и гимназиско образование. Во 1910 година станал четник во четата на војводата Милан Ѓурлуков од Кривогаштани.
За време на Првата светска војна, Петре Пашата активно зел учество во борбите во Македонија. Летото 1915 година, со своја чета бил распореден во Прилепско. По завршувањето на војната, во 1920 година повторно се вратил со чета на ВМРО во Прилепско.
Во 1925 година четата му броела 33 четници, кога на 6 август 1925 година, заедно со велешкиот војвода Петар Станчев, во судир со српските сили загинал во Горна Драчевица, Тиквешко.
Телата на загинатите се погребани од српските власти на непознато место.
Коментирај