Генерал-потполковник Петар Пепељугоски

Петар Пепељугоски

Генерал-потполковник Петар Пепељугоски е роден во Прилеп во 1924 година. Пред Втората светска војна работел како кожарски работник. Во војната бил заменик политички комесар на оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија, политички комесар на бригада, дивизија и друго. По војната бил политички комесар на дивизија, команант на воено подрачје, секретар за народна одбрана, началник на Главниот штаб на народна одбрана на Македонија. Завршил Виша партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“, ВВА и Воена школа на ЈНА. Има објавено повеќе трудови од областа на историјата: од развојот на оружените сили на македонското национално револуционерно движење 1878-1903 година, од НОБ и Револуцијата на Македонија 1941-1945 година, од општонародната и територијалната одбрана на СРМ, Петар Пепељугоски е добитник на наградата за историја „Гоце Делчев“ во 1981 година.

Почина во Скопје во 1999 година.

Нема Коментари

Коментирај