Насловната страна од „Целосно раководство по гимнастика“.

Петар Големинов

Петар Иванов Големинов е македонски културен деец и правник.

Петар Големинов е роден во 1877 година во Прилеп. Потекнува од занаетчиско семејство. Во 1881 година неговото семејство се преселило во новоослободениот град Ќустендил. Големинов станал учител и учителствувал во селото Лозно. Во 1901 година, заедно со Даниел Бланшу, швајцарски учител во Бугарија, го издале учебникот „Целосно раководство по гимнастика“.

Големинов учел правни науки во Фрибур, Швајцарија. Завршил на Софискиот универзитет и работел како судија во Босилеград од 1912 до 1913 и Бобошево од 1914 до 1917 година. Од 1918 година бил адвокат во Горна Џумаја. Од 1936 до 1947 година бил претседател на читалиштето во града.

Петар Големинов починал на 13 август 1947 година во Горна Џумаја.

Нема Коментари

Коментирај