Пештани

Пештани

Пештани е село во јужниот дел на Република Македонија. Селото е расположено во подножјето на Дрен планина, во северниот крај на областа Мариово, јужно од општинскиот центар Прилеп. Селото е на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа 18,5 km2, од кои пасишта 1297 ха, а обработлива земја 389 ха. Блиску до селото, во западна насока, се наоѓа манастирот „Свети Илија“.

Селото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век. Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е од првоначалното жителско име со суфикс -jane от пешт, односно, пештера, пешт.

Во XIX век Пештани било село во Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Пештани (Peschtani) е посочено како село со 40 домаќинства и 192 жители христијани и 3 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пештани има 280 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештани имало 304 егзархисти.

Според Георги Трајчев, во Пештани имало 45 куќи со 280 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци.

(Автор на сликите: Цане Мојаноски. Преземени од: http://www.itarpejo.org/)

Нема Коментари

Коментирај