Пере Темелкоски - Морнаро

Пере Темелкоски – Морнарот

Темелкоски Илиев Пере – Морнаро е роден 1918 година во Прилеп.

Неговата куќа во населбата Ѓогдере, за време на окупацијата, била активно користена од народноослободителното движење во Прилеп. До 1943 година бил ангажиран на курирски и диверзантски акции во Прилеп и околината.

Во 1943 година се приклучил во редовите на I Македонско-косовска ударна бригада, а од почетокот на декември 1943 година во селото Герман (Егејска Македонија), при реорганизација на Македонско-косовската бригада, како комесар на баталјон и инструктор пристапил кон Прилепскиот батаљон „Мирче Ацев“, под команда на Методија Попоски-Мајка.

Пере Темелкоски бил одговорен за придружбата, која ги носела ранетите борци во партизанската болница на Кожув.

На 28 ноември 1944 година загинал во борба против монархо-фашистичките сили кај селото Габреш, Костурско.

Нема Коментари

Коментирај