Печат на Бакалскиот еснаф од Прилеп од 1861 година.

Печати и штембили

Печати и штембили

Во основното значење, печатот означува предмет, со кој се заверуваат документите, писмата, пратките, дипломите, свидетелствата и сл.
Печатот, обично, изработен е од дрво со гумен дел, кој е изгравиран.
Со „наквасувањето“ на гумениот дел од печатот во мастило, се става отисок врз соодветниот документ, при што се отпечатува текстот на гравурата.
Покрај дрвените и гумените печати, постојат и метални печати, со кои преку топен восок се остава отисок од гравурата, па така запечатената пратка со восок не може да се отвори, без да се оштети отисокот.
За зборот „печат“ се користат и други синоними: штембил, жиг, мур. Зборот „штембил“ потекнува од германскиот збор stempel и италијанскиот збор stampiglia.

Во оваа галерија поместена е колекција на печати и штембили, кои се користеле во Прилеп низ разни периоди.

Нема Коментари

Коментирај