1953: Пчеларското друштво „Братство“ носат сандаци со пчелни семејства во с. Манастир

Пчеларството во Прилеп и прилепско

Пчеларството во Прилеп и прилепско…

_________________________________________________________________

Кореспонденција:

12 април 1953 година
До Александар Димески
В.П 4145-3/А
Задар

„Драги Ацо…

…Дома успеав да ги прегледам улиштата и морав да се вратам назад во Скопје. Кај тебе не отидов, за кое ми е незгодно што ете така мораше да биди. Тоа беше околу Мученици, 22 март.
Кај мене успеав да ги прегледам и уредам некој работи. Интересантно дека гору-долу се беше во ред.
Ветровитото време кое што траеше до 22 март неим даваше на пчелите да збират прашец, или сосем во изузетни случаји. Но за изненадување, дадениот густ шербет беше одлично преработен и среден, што го констатирав од прегледот на 22 март.
Она друштво што беше без матица е примнато, односно се споило со сандакот клајн под него, и кога го отворив имаше легло на три пити.
Го сметнав сандуко а рамките ги разделив по другите друштва. Споеното друштво го затворив и добро го затоплив, а пред да го затворам му дадов пак шербет, само сега поредок 1:1.
На сите останати друштва му дадов шербет во доволна количина, по 1,5-2 кила. Тој ден беше топол и пчелите носеа прашец…
Овој период од околу 20 дена (од 22 – 11 април) беше тивко, топло, сончево и во некој денови замајано, дури и запурно. Во последниве денови фати околу ручек да дува ветар и на 11 април почна да роси.
Сношти падна одличен дожд во Скопје (за Прилеп не знам) кој што и денеска продолжува.
Опасноста од сушата која што не загрозува, се избегна а нашите пчели кој што толку ги сакаме и мислиме за нив, ја искористија до максимум пашата од овошните дрвја.
Тешко ми е кога си помислам дека сум далеку од Прилеп и не можам во овие моменти да му се најдам на пчелите, а од друга страна си представувам како ти е тебе…

… Сега ситуацијата е озбиљна, финансиското положение за никаде, грош се нема. Се чудам на кој начин ќе се догура, а особено со кој средста и на кој начин ќе се појди во Прилеп.
Многу значи во ова време да чоек околу пчелите.

Од сето пишано може да се констатира дека состојбата на пчелите е добра и обеќава ако времето услови добри резултати.
За во Прилеп тетинми и тетками кажаја дека времето било убаво и дека цветаат таму магарешките сливи а вероватно и крушите…“

- Не дај по патиштата на нашето другарство, пријателство и соработништво изникнат трње и корови-

Блаже

Нема Коментари

Коментирај