Пашино Рувци се наоѓа на крајниот југ на Прилепско поле, југозападно од градот Прилеп. Најблиското село е Обршани, кое се наоѓа на север од Пашино Рувци. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Загорани на исток, Чепигово на југ, Бела Црква на запад и Обршани и Боротино на север.
Пашино Рувци за прв пат во пишаните извори се споменува (како Русче и Рувце) во периодот меѓу 1650 и 1750 година. Во средината на XIX век, ова и соседното село Беранци, турската државна власт ги поклонила на Али-паша од Битола, поради заслугите во војните. Од чифликот на Али-паша до 1912 година се формирале шест чифлици, со поделба на неговите ќерки и зетови. На крајот на XIX век, селото било дел од Битолската каза на Отоманската Империја. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 450 жители христијани. Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 256 христијани. Старото име на селото за време на Отоманската Империја било Ашар Усу (Achari-Usu).
Според пописот од 2002 година, селото Пашино Рувци брои 277 домаќинства, со 627 жители, сите Македонци.
Во Пашино Рувци е роден Илија Ристев-Јагурина, македонски револуционер од ВМОРО, четник при Питу Гули во 1903 година во Крушево.
Petre Temelkoski April 21, 2016
Sepak nedovolno e kazano kako seloto go dobilo denesnoto ime Pasino Ruvci?