Могилата на непобедените преставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп.
Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.
Меморијалниот комлекс е составен од два дела:
- Спомен урни
- Заедничка гробница-крипта
Осумте мермерни урни, кои многу наликуваат на античките, го зафаќаат централниот дел и доминираат со околината. Најголемата урна, со симбол на вечен пламен, ја претставува непокорноста на македонскиот народ.
(Според некои, урните ги преставуваат шесте југословенски републики и двете покраини).
Во вториот дел се наоѓа криптата – заедничката гробница, каде во мермерните плочи се впишани имињата на паднатите борци од Прилеп и прилепско.
Во периодот 2007-2008 комплексот е целосно ревитализиран.
Во 1961 година архитектот Богдан Богдановиќ е добитник на Трето Ноемвриската награда на Општина Прилеп
Коментирај