Титулата „Заслужен архитект“.

Пантелеј Греков

Пантелеј Илиев Греков е бугарски архитект со македонско потекло, носител на титулата „Заслужен архитект“ од 1977 година.

Роден е во 1912 година во градот Прилеп. Во 1938 година го завршил Дрезденското вишо техничко училиште при Ханс Фреезе. Во 1944 година се зачленил во Бугарската работничка партија. Од 1951 до 1957 година бил директор на „Софпроект“. Во периодот од 1962-1973 година бил директор на Научноистражувачкиот институт по градежништво и архитектура. Во 1966 година се стекнал со звањето „Постар научен соработник од I степен“. Во 1973 година станал главен редактор на списанието „Архитектура“. Се занимавал најмногу со станбените проблеми и станбените средини.

Трудови:

„Многукатни станбени згради од лесни крупни елементи“, 1963;
„Содржина и архитектурно решение на градското живеење“, 1969;
„Архитектурата во социјалистичка Бугарија“, 1970, на руски.

Нема Коментари

Коментирај