Стриг на овци...

Овчарство

Овчарство

Овчарството во Прилеп е прилепско било развиено во прилична мера. Меѓутоа, се одгледувале овци кои давале слаб принос на волна и со мала млечност, додека најголемиот доход се добивал од јагнето, кое било барано на прилепскиот пазар заради вкусното месо.

Во прилепско имало многу мандри, особено во Мариово, каде што се произведувало прочуеното мариовско биено сирење, изварка и друго. Познато било и белото овчо сирење, кое се произведувало по полските села.

Од закланите овци, особено наесен, се добивал лој, од кој секое домаќинство вареле сапун за одржување на хигиената. Цревата се чистеле, се посолувале или се сушеле, а потоа се продавале во Прилеп, а оттука се носелеле и во Солун.

Нема Коментари

Коментирај