Прилепски вооружени чети…
Македонскиот народ својот револт го манифестирал со многуте буни и востанија. Уште од првите децении на Османлиското ропство низ македонските планини крстосуваат ајдутите – заштитници на народот и борци против неправдата.
Првите вооружени пројави се неорганизирани, спонтани, и најчесто имаат карактер на селски буни. Но, на крајот на XIX и почетокот XX век, особено по формирањето на ВМОРО, востанијата се организрани и даваат забележителни резултати.
Во предвечерјето на Првата балканска војна, на 19 февруари 1911 година, точно 14.670 Македонци се јавуваат доброволно да војуваат.
Македонските доброволци „Ополченици“ биле снабдени со пушки специјално набавени од Виена, а за нив биле сошиени и посебни униформи и посебен амблем на кој бил прикажан исправен лав, кој во предните раце држи крст со трибојно знаме на кое пишувало „МО ОП – Македонско-одринско ополчение“. Македонско-одринските ополченци биле организирани во 12 дружини, од кои 10 биле составени само од Македонци од разни краишта на Македонија.
10-тата Прилепска дружина е формирана во Софија, во октомври 1912 година од Македонски доброволци под команда на потпоручник Лало Вутов и капетанот од руската армија Владимир Везенков од Крушево, засилена со четата на потпоручник Никола Лефтеров и македонски емигранти од Америка.
Прилепската дружина е вклучена во составот на Третата Македоно-Одринска бригада и учествувала во борбите на источниот фронт (Тракија), а во Втората балканска војна учествувала во борбите со Српската војска кај Кочани и Брегалница. Со почетокот на Првата светска војна, македонските добороволци виделе нова шанса за ослободување на Македонија, кога во 1915 година бугарската војска одново влегла во Македонија, а тие масовно се вклучиле во војната и се бореле на страната на Софија. Македонската дивизија, во која главно се бореле преживеаните ополченци, емигранти и други војници мобилизирани во Македонија, броела околу 34.000 Македонци.
Со почетокот на Втората светска војна, со формирањето на македонското партизанско движење, македонскиот народ се вклучува во антифашистичката борба и конечно извојува слобода на Вардарскиот дел од Македонија.
[pro-player type="MP3"]http://www.oldprilep.com/wp-content/uploads/2011/11/risto_janakiev-se_zadade_ceren_oblak.mp3[/pro-player]
Коментирај