Орде Сливјаноски

Орде Сливјаноски

Орде Сливјаноски е еден од најеминентните професори по Македонски јазик во Прилеп.

Роден е во 1931 година во Прилеп. Паралелно со професорскиот ангажман, соработувал со весникот „Борба“, а потоа со воената ревија „Фронт“, весникот на тогашната ЈНА. И ден-денес во новинарските кругови познати се неговите статии за прилепскиот Работнички универзитет, објавени за „Борба“, како и статиите за „Солидност“ и „Билјана“, објавени во „Нова Македонија“.

Професорот Орде Силјаноски својата соработка со „Борба“ ја прекинал тогаш, кога редакцијата побарала сите дописници задолжително да се зачленат во Сојузот на комунистите, со што тој не се согласил и се повлекол од Редакцијата.

4 коментари

  • Киро Шереметкоски February 26, 2013

    Да дојдеш на час и уште не седнати учениците од отпоздравот за ’’ Добар ден’’ со Професорот, Тој потпрен на дневникот на првата клупа од класот го почнува класот со интересни прашања и разговори од секојдневниот живот на секој од нас!
    Секој од нас е именуван и повикан да каже каков му е денот денес, дали е расположен за да биде присутен, или ако има потреба да појде некаде, да каже како му е фамилијата, некој од нас е прашан за селото и што е тоа што се случило во црквата, дали на некој од нас дедо му( по име кажан) е подобар, зашто пред некој ден беше настинат, па скоро на сите прашањето е каков е тутѕнот оваа година, дали ја обравме втората, или третата рака, па дали ти Киро го најде магарето кое запасило некаде и два дена го немаше…..И се’ така редум со учениците ги дели секојдневните случувања, згоди и незгоди, политика, економија и се’ што е интересно за тој ден, за моментот, за нас….Не е важно дали од часот ќе поминат 10, или 15 минути во таков разговор…Важно е ние да бидеме што порелаксирани за Неговиот час….Како да сум баш сега на час по Македонски со нашиот драг Професор, Сливјаноски…

    Respond
  • cane February 26, 2013

    Se najdobro za mojot drag profesor Orde Slivjanoski

    Respond
  • Драган Трајкоски February 26, 2013

    Не постојат зборови да се опише неговата благородна личност. Едноставно, вонсериска личност и професор кој никогаш нема никој да го надмине

    Respond
  • Звонко Петроски March 29, 2013

    Без сомнение една од најдрагите личности во Прилеп. Чесност, чиста душа во вистинска смисла. Самата негова појава како педагог, како професор, секого го тера да не се усрами со незнаење, или барем, со незаинтересираност во неговото присуство на часот, или на обична средба. А секоја средба Орде Сливјаноски ја претвора во топло присуство на поштување, на подеднаквост на сите. Никогаш не знае да се преценува. Секого го цени, кај него не постои делба. Сите се добри. Најобичниот неврзан разговор со него е школо, е лекција за животот. Едноставно ти ја полни душата, те прави радосен, те трогнува, а тој ммислам на Орде, не направил ништо посебно! А, всушност многу, многу прави. Ах, да има барем неколку повеќе вакви како него, радост би живеела, искреноста би била поголема! Не дека не постои радост, и искреност, тие атробути би биле уште поживи.

    Respond

Коментирај