Орде Иваноски

Орде Иваноски

Д-р Орде Иваноски е роден во Прилеп, 1928 година. Основно училиште завршил во родниот град, средно во Загреб, а Филозофски факултет – група историја, во Скопје. Докторирал во 1965 година.

Во Институтот за национална историја се вработува во 1955 година и таму останал до пензионирањето, минувајќи ги сите научни звања и учествувајќи во пишувањето на првата Историја на македонскиот народ, како и во голем број институтски и општествени макропроекти и научни средби во земјата и во странство. Во периодот 1975-1978 година тој ја извршувал функцијата директор на Институтот.

Неговиот интерес како научен работник главно бил свртен кон македонското национално прашање и кон социјалистичкото и работничкото движење во Македонија и на Балканот. Тој важеше за добар познавач на животот и делото на Димо Хаџи Димов. За својата научна и општествена дејност, одликуван е со орденот „Заслуги за народ со сребрена ѕвезда“ и со „Орден на трудот со црвено знаме“.

Добитник е на наградите „13 Ноември“ и „Гоце Делчев“.

Почина на 15 март 2012 година

Нема Коментари

Коментирај