Приватни библиотеки
Кај многу прилепски семејства, по тавани и визби, во куфери и касели, сеуште има понекоја интересна книга, која фаќа прашина или ја гризе забот на времето. За жал, на книгата не и е местото таму, туку да биде достапна за читање… Оваа галерија нека биде и поттик да ги скенирате Вашите книги и јавно да покажеме колку многу вредни работи од пишаниот збор има во нашиот град…
Една од навистина ретките книги е „Толкување на неделни и празнични евангелија“, печатена во Софија во 1896 година. Оваа е една од ретките книги (ако не и единствена), сочувана до денес, која е во превод на ѓаконот Григориј Алексиев и која се спасила од конфискација и палење. Своевремено била сопственост на Ицо Мрмев, еден од членовите на црковно-училишната општина во Прилеп.
Уште еден раритет е и „Баснословието на философот Синтип“, преведена од персиски на грчки јазик, а од грчки на словено-бугарски. Печатењето на книгата е потпомогнато со прилог на Најден Јованович, Татар-пазарџичанин. Книгата е печатена во Белград, во 1854 година.
Коментирај