Никола Иванов е македонски револуционер, учесник во четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа.
Никола Иванов е роден во Прилеп. Се школувал во Белград, каде што дознал за подготвувањето на четите во Романија за навлегување во Бугарија. Заминал за Романија и се приклучил во четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа. Бил ранет во првата битка на бугарската земја. Загинал на врвот Бузлуџа, во последната битка на четата на 18 јули 1868 година.
Коментирај