Минда Коцески – Камчески е роден во Прилеп во 1919 година.
Завршил основно образование и еден клас Гимназија, а потоа се вработил како трговски помошник кај Симоновци во старата чаршија. Тој бил еден од најактивните членови на планинарското друштво „Златоврв“.
Воениот рок го отслужил во Славонски Брод, каде што ја дочекал и капитулацијата на кралска Југославија. По враќањето во Прилеп, започнал со илегални активности против бугарскиот фашистички окупатор и набрзо се вклучил во партизанското движење. Меѓутоа, неговото сомнително однесување предизвикало сомнеж во партизанските кругови и Минда бил ставен под директна
присмотра на Митко Цветаноски-Ганчо.
Во јули 1942 година, Минда бил изведен пред судот, кој го сочинуваа: Киро Крстески-Платник, Трајко Бошкоски-Илинденски и Борко Велески-Горанов. Од судот бил обвинет дека бил врбуван и соработувал со бугарската полиција, при што бил осуден на смрт и стрелан.
По неколку денови, бугарската војска при чистење на теренот во околината на градот го пронашла телото на Минда. Окупациските власти во градот му организирале закоп со почести и со истрели.
Коментирај