Миле Неделкоски е македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски писател.
Миле Неделкоски е роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Бил уредник во издавачката куќа „Култура“. Член на ДПМ од 1963 година. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Рациново признание“.
Објавени книги:
Срце од злато (поезија, 1963)
Јужно лето (поезија, 1964)
Улавиот од Преспа (поема, 1965)
Јавачи на ветар (раскази, 1967)
Пепелаши (роман, 1968),
Еретикон-еротикон (поезија, 1969)
Трненки (роман, 1972)
Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974)
Пандур (роман, 1982)
Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983)
Недела ден за каење (поезија, 1984)
Битпазар стилски вежби, ете… (поезија, 1984)
Прозорец што гледа на улица
Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (драми, 1985)
Потковица на смртта и надежта (роман, 1986)
Петрафил за вечната земја (роман, 1988)
Подгревање на вчерашниот ручек (роман, 1988)
Огледала на сенките (поезија, 1989)
Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (роман, 1991)
Логоманија (есеи, 1996)
Празникот на светите маченици (роман, 1996).
Преземено од: https://mk.wikipedia.org/wiki/Миле_Неделкоски
Коментирај