Семејството на отец Милан Смичкоски

Прота Милан Смичкоски

Прота Милан Смичкоски е роден во 1875 година во Варош. Потекнува од Прилепска свештеничка фамилија. Неговиот дедо, свештеникот и игумен во манастирот Трескавец, Ангел Л. Смичков, отворил училиште во Прилеп во 1825 година, каде што до 1838 година учителствувал неговиот татко – свештеникот Костадин Смичков, а до 1844 година и неговиот чичко Ѓорѓи Смичков.

Писменоста ја стекнал во манастирско училиште а кај Марко Цепенков го учел и терзискиот занает. Во 1900 година, по препорака на Петар Ацев, бил назначен за претседател на Градскиот комитет.

Во времето на турското ропство повеќепати бил затворан заради разбудената национална и црковна свест. Прекрасно го владеел источно-византиското црковно пеење. Извесен период бил и старешина на црквата Свето Благовештение.

Починал во 1961 година во Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај