Милан Швацов - Дроња сликан со својот Ford...

Прилепски легенди: Милан Швацов – Дроња

Милан Дроња бил роден во 1893 година во Бјеловар (Хрватска).
Првата светска војна го затекнала во Прилеп каде што останал и набрзо се оженил со Васка од Абрашовци. Милан набрзо се вклопил во прилепскиот амбиент, карактеристичен по ведрината на духот и мајтапот. По занимање автомеханичар, Дроња бил еден од најталентираните во поширокиот регион.

Бил сопственик на можеби најстариот Ford на Балканот, со еден фар, со комбинирани гуми и со менувач кој имал само две брзини и без рикверц.
Кога немал бензин, колата ја возел на „Сав-гас, бидејќи во неа имал монтирано генератор – печка во која се ложеле дрва.
Цане, синот на Дроња се сеќава на лимузината од татко му:
„Тркалата на Ford-от беа полни со гуми и дрвени шици. Го чувавме до 1942 година а потоа се распарчи. Кај нас идеа Германци и си вадеа делови од Ford-от, а на крај јас и брат ми го распарчивме, така што од него остана само менувачот.“
Лимузината развивала 12 километри на час и кога татко ми ќе ја изнесел на Старо корзо, околу него се собирале 100-200 луѓе и со чудење викале: „Дојдете луѓе да видите кола без волови“. Татко ми возеше трговци од Прилеп за Битола и им беше голема конкуренција на пајтонџиите. Еднаш му се скинала гума, но се досетил и ја наполнал со сено и така стасал до Битола. Цената за превоз до Битола била еден златен наполеон. Подоцна Милан Дроња поседувал и Fiat од 1934 година.“

Автор: Тачко Локвенец

Нема Коментари

Коментирај