Милан Самак

Милан Самак

Милан Самак е роден на 7 октомври 1913 година во Прилеп, каде што завршил основно училиште и полуматура. Матурирал во Битолската гимназија, каде што матурирал во 1935 година.

По матурирањето се вклучил во политичка дејност и бил избран за секретар на градската библиотека во родниот град. Во 1935 година се запишал на Правниот факултет во Белград. Учесник е во НОБ. По ослободувањето на Прилеп бил избран за партиски секретар на групата интелектуалци во градот, а потоа и за член на партиското биро, со кое тогаш раководел Аспарух Корубин.

Милан Самак повеќе години бил претседател на Општинскиот суд во Прилеп и прв претседател на Окружниот суд во Битола. Во 1972 година станува адвокат, на кое место и се пензионирал.

Автор е на радиодрамата „Отказ“, на телевизиската драма „Арслан бег“. Негова прва објавена книга е романот „Нека знае син ми“ (1984). Автор е и на поемата „Распни ја, распни, Понтие“ (1990), романот „Терор“ (1990), романот „Убиец ли сум?“ (1992), романот „Не тагувај Алек“ (1997).

Милан Самак почина на 18 август 1998 година.

Нема Коментари

Коментирај