Милан Костадинов Конев е македонски свештеник и револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Роден е на 7 март 1881 година во Прилеп. Во 1900 година ја завршува Солунската гимназија, а во 1902 година ја завршува и Бугарската семинарија во Цариград. Истата година станува член на ВМОРО. Од 1903 до 1908 година работи како учител во Кукуш, каде што е избран за член на околискиот комитет на ВМОРО. Участвувал во Илинденското востание во 1903 година. Во 1905 година Конев бил делегат на околискиот конгрес, кој се одржал на Арџанското езеро. Во 1907 година завршил правни науки во Лозана. Во 1908 година станал учител во Неврокоп, а во свештенички чин бил ракоположен во 1910 година. Се вклучил и во активностите на Неврокопскиот револуционерен комитет.
По 1918 година бил учител во Гимназијата во Неврокоп. Тој е еден од основачите на Тутунопроизводствената кооперација „Македонски тутуни“. По Неврокопската акција се преселил во Софија.
Милан Конев е убиен по Деветтојунскиот пресврт на 23 јуни 1923 година во Софија.
Коментирај