2014: Микросам

Микросам

Микросам АД е претпријатие за производство на современи, сметачки управувани машини за производство на композитни материјали.

Таа зема активно учество на многу светски саеми за композитни материјали меѓу кои „JEC Composites Show Paris“ и саемот за воздухпловство и вселенска опрема „МАКС“ во Русија. 97% од производството на претпријатието е наменето за извоз, а меѓу земјите во кои претпријатието извезува се и Русија, Кина, Германија итн.

Претпријатието „Микросам“ е формирано во 1990 година во Прилеп како друштво за електроника, дизајнирање и производство.
„Микросам“ е светски конкурентно претпријатие на пазарот кое произведува машини за современи композитни материјали.

По отцепувањето на Република Македонија од Југославија како независна држава, локалната индустрија била растурена и продадена на повеќето приватници кои во тогашното време самостојно се истакнале. Токму „Микросам“ е основано во тоа време, како едно од ретките приватни претпријатија, со цел производство на високотехнолошки производи.

Микросам започнала со работа со прилично мал број на инженери и универзитетски професори. Таа одлучила да влезе во индустријата на композити првично како консултант.
Почнува да работи на консултирање за дизајн изработка на електронски компоненти и дизајнирање на машини за производство.
„Микросам“ континуирано инвестирала во големи производствени капацитети во насока на развој на софистицирани, специјализирани машини.
Исто така компанијата активно работи и со клубот на млади таленти односно Микросам Академијата која е формирана во 2007 година и има обучено над 250 лица, од кои 150 средношколци.

До денес, Микросам АД има произведено и успешно инсталирано повеќе од 200 производни линии во околу 40 земји низ светот.
Микросам АД произведува машини за производство на композитен материјал или делови од композитен материјал. Машините ги произведува според желбите и потребите на клиентите, таа нема сериско производство на машини. Исто така располага и со истражувачки лаборатории за современи композити, каде што се развиваат технологии за намотување на влакна, технологија за производство на препрег и технологија за полагање на влакна каде што работата и експериментите се неизбежни.

Меѓу производите на Микросам АД спаѓаат:
„MC-10“ машина за обработка и нанесување превлаки за композитни материјали.
“SCR 2500“ машина за сечење и калибрирање на композирани краеви на цевки.
„Automated Fiber Placement (AFP)“ машина за производство на композитни материјали. Дизајнирана за лаборатории и истражувачки центри.
„MikroPlace“ офлајн програмирање и анализа.

Нема Коментари

Коментирај