Мице Димески е роден во 1920 година во Прилеп.
Тој е еден од првите членови на Месниот комитет на Комунистичката партија во Прилеп. При нападот на участакот, тој ја предводел ударната група предвидена за акцијата кај Поштата. По востанието бил уапсен и осуден на 10 години затвор, кои ги одлежувал во Скопје, Сливен, Бургас и Плевен.
По ослободувањето работел во синдикатот на Македонија.
Почина на 13 јуни 2001 година.
Коментирај