Методија Попоски Мајка (Средина) сликан во слободно Скопје заедно со свои соборци...

Методија Попоски – Мајка

Методија Попоски – Мајка е роден на 4 мај 1909 година во Прилеп во сиромашно семејство.
Уште во најрани години станува активист во напредното младинско движење а за време на окупацијата меѓу првите се вклучува во народноослободителната војска на Македонија.

Одликувајќи се со исклучителна храброст и способност во командувањето, Методија Попоски – Мајка набрзо од борец станува командир на чета, а со формирањето на прилепскиот баталјон „Мирче Ацев“ и негов командант.
Потоа раководи со Втората македонска ударна бригада, петтата македонска (прилепска) ударна бригада а војната ја завршува како командант на Кумановската дивизија.
По ослободувањето продолжува да работи во ЈНА се до 1949 година кога е и демобилизиран со чин мајор.
По војната раководи со повеќе функции на раководни места.
Носител е на „Партизанска споменица“ од 1941 година и на повеќе високи државни признанија и одликувања.
Починал на 3 јануари 1987 година во Скопје.

Нема Коментари

Коментирај