2012: Марул

Марул

Марул е село сместено јужно од Прилеп.
Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Марул (Maroul) е посочено како село со 33 домаќинства и 177 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Марул (Марулъ) имал 240 жители христијани.

Во почетокот на XX век, Марул било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Марул имало 224 христијани егзархисти, а во селото работело и бугарско училиште.

Според пописните податоци од 2002 година селото има 42 жители.

На 8 јуни 1903 година, во околината на врвот Веслец во борба со турскиот аскер била разбиена четата на прилепскиот војвода Христо Оклев, при што загинал Оклев со уште четворица негови четници.

Нема Коментари

Коментирај