МАРИОВО – „СЛАТКА ОАЗА“
11 февруари 1984 година
„Нова Македонија“
РЕЗЕРВАТ НА ЕКСКЛУЗИВИТЕТИ
Еден американски научник порачал: „Чувајте го Мариово”. Нашиот научник д-р Борче Ристески советува да се преземе најширока акција за облагородување на Мариовските дивини. Каде расте најслатката кантарка?
Πрофесорот, Д-р. Борче Ристески, еден од нашите најдобри стручњаци по овоштарство, деновиве во Прилеп имаше средба со надлежните фактори во врска со претстојната акција за калемење на дивите овошки во Мариово. Во еден момент, овој премногу скромен човек, кој Мариово го познава, како што ја познава и сопствената душа, рече:
- Изгледа дека дојде време да се оствари замислата на прочуениот американски и светски научник, стручњак за крушата, господинот Еандер Свит. Тој двапати беше наш гостин и бараше да го посети Мариово. Кога ги виде непрегледните, природни Овошни насади, најпрво претпоставуваше дека ние овој огромен комплекс го одржуваме и го заштитуваме со прскање од авиони, а потоа кога му ја кажавме вистината дека засега човекот многу малку сторил и допрел до богатството на Мариово, продолжи: Чувајте го Мариово! Зошто, како, од кого?
Стручњаците веќе не ги кријат своите анализи, извршени во наши и светски лаборатории, за составот на производите што доаѓаат од Мариово. Затоа, д-р. Ристески вели:
- Сите производи, остварени во Мариово, истовремено се храна и лек. Тоа се, пред се, сирењето, млекото, месото, а на крајот и овошјето. Како единствен реликт во земјата, па и во светот, Мариово се уште не познава хемизација и модернизација на почвата, така што не е нарушена неговата биоценоза, рамнотежа меѓу флората и фауната. Овде и натаму земјоделските производи се без хемикалии. Токму затоа, господинот Сант апелираше да го сочуваме Мариово од повеќе цивилизациски несреќи што му се заканунаат, а рече дека еден килограм мариовски круши, на американскиот пазар, можат да достигнат и петпати поголема цена од другите. Се знае зошто: Американците се просто „отруени“ од разни пестициди и тие не прашуваат колку чини она што е дар од природата.
Д-р Борче Илиески го познава Мариово од 1959 година. Тогаш е изведе на и првата акција за калемење на дивите овошки со учениците и припадниците на ЈНА. Од 1959 година до денес, во Maрово престојувале стотици и стотици ученици, студенти и војници на ЈНА, кон извршиле калемење на дивите овошики што ги има во изобилство, особено на „горницата“ еден вид дива круша, потоа дивиот бадем, па „џанките“, односно сливите, чалијата и сирката. За сирката сакам да кажам дека е од родот чалии, а на неа успешно може да се калеми кинеска урма. Инаку во Мариово има и диви цреши (горупла”), потоа смокви и слично.
ПРИКАЗНАТА ЗА ПЕШТАНИ
Дивите овошки во овој регион се самоникнати, Според истражувањата на д-р Ристески и другите стручњаци по овоштарство, овие сами се борат природно, за својот опстанок и стекнуваат неверојатен имунитет. Најчесто се среќаваат меѓу пукнатините од карпите и многу тешко, ако посака, човек може да ги насади. Се има впечаток дека дивата овошка во Мариово како да расте на каменот.
Меѓутоа, мораме веднаш да кажеме, дека иако е богато со диви овошки, Мариово доживеа вистински пустош во Првата светска војна.
Тогаш војниците од армиите што се бореа не ги штедеа дивите овошки. Иако им даваа храна, бидејќи војната беше долга, ги сечеа за огрев. Единствено, жителите од селото Пештани успеале да интервенираат кај командантите и да ги спасат овошките. Овој крај, денес е најбогат, затоа што е нај сочуван. Да не беше неповторлива сеча од тоа време, денес Мариово ќе бе ше уште побогато, целото во овошни дрвја.
Едно стебло, како што ни рече д-р Ристески, може да даде и до 800 килограми првокласни мариовски круши „кантарки”, или „караманки”.
Затоа што сами создаваат одбранбени средства и стекнуваат природен имунитет, дивите овошки во Мариово можат да доживеат старост и над 200 години, додека другите овошки, нај-многу до 50 години. Тоа е голема предност. Меѓутоа, ние се уште не можеме да надвладееме со ова богатство.
Од 1959 година до денес, можеби, имаме калемено близу 100.000 диви овошки. А, којзнае уште колку ги има. И, што е многу важно, годините минуваат, а на калемењето треба одново да му се навраќаме. Општината во Прилеп покажува големо интересирање за мариовските круши, бадеми, смокви, цреши, лешници и друго. Инвестицијата не е голема. Трошоците за калемење на едно стебло изнесуваат од 30 до 50 динари, а овошката почнува да дава плод по третата година.
Се интересиравме што содржи овошниот плод од Мариово и какви предности има над другите?
Анализите што се извршени на плодовите даваат неверојатни резултати. Најпрво, мариовскиот овошен плод може да се чува за 40 посто подолго од другите плодови, шеќерите и сувите материи во плодот се од 3 до 5 отсто позастапени, витамините за 30 до 40 отсто, а аромата им е поизразена и единствена.
ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ТЕРЕНОТ?
Не верувам дека оваа работа, мислам на калемењето на дивите овошки, некогаш ќе ја завршиме, вели Д-р. Ристески. Но нам ни е должност и задача да калемиме колку што може ме побрзо и повеќе, зашто Мариово е природен овоштарник од непроценливо значење не само во битката за храна туку и во настојувањата, плодовите кои се одлично барани во странство, да се продадат за девизи.
Може ли навистина од мариовските овошки да се заработат девизи? Може и тоа многу и лесно. Цената на европскиот пазар достигнува и пет пати повеќе отколку за другите плодови. Имаме околу 100.000 стебла. Од секое стебло, во просек да добиеме по 500, а не по 800 килограми, еве реколта од скоро 50 милиони килограми плодови. Сега трговците нека си го наоѓаат натаму својот интерес!
А, што се случува со мариовските овошки на теренот? За она не моравме да бираме одговор од д-р Ристески. Јавна тајна е дека, овошките просто се оставени на милост и немилост на лугето. Ги берат кој кога ќе стигне, најчесто предвреме по еден и два месеца. Се кршат и гранки. Имаше идеја, за овошките да се грижат земјоделските задруги од Дуње и од Витолиште. Таа не реализирана. Мариовските овошки, за жал, и натаму можат да ни дадат многу како заедница, в малку користиме.
Тачко Локвенец

Коментирај