Марио Падрони во 1943 година дезертирал од италијанската фашистичка војска и се приклучил кон грчките партизани.
На 1 мај 1944 година заедно се уште 50-тина италијански комунисти се приклучил на македонското народно-ослободително движење. Падрони бил одреден за лекар во партизанската болница на Втората оперативна зона.
Како санитетски референт несебично им помагал на ранетите и болни борци пред и за време на ослободувањето на Прилеп. По ослободувањето на Македонија, кратко време живеел во Прилеп, потоа во Скопје, каде што и се оженил и добил син. Југословенката народна армија ја напуштил со чин капетан и со семејството заминал во Италија.
Во родната земја бил активист во Италијанската комунистичка партија поради што бил убиен од неофашистите.
cane February 2, 2013
posmrtno da mu se dadi pocesen gradjadin na grad prilep