Мара Јосифоска – Ѓурѓа (најстарата од трите сестри на Кузман Јосифоски-Питу), родена е во 1920 година во Прилеп.
За време на окупацијата илегално престојувала во Битола. Поради големата априлска провала во 1942 година, за да се избегнат поголеми последици, месното раководство изготвило план за исфрлање на илегалците во Битола и битолско во партизански одред. На 22 април 1942 година, со формирањето на првиот партизански одред во Битола, кон него се приклучила и Мара Јосифоска. Одредот го носел името „Пелистер“ и бил составен од 21 борец (од битолчани и прилепчани, кои како илегалци жиееле во Битола и битолско).
Неподготвеноста и еуфоријата си го направила своето…
На 30 април 1942 година, и покрај тоа што во околината на Битола имало раздвиженост на бугарски воени и полициски сили, одредот правел подготовки за прославување на 1 мај во близина на селото Лавци. Дознавајќи за ова, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале блокада на месноста, каде што се наоѓал одредот, односно, во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани околу неколку илјади лица, војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 мај веќе бил затворен. Уште во самото утро Одредот ја прифатил борбата и покрај неспремноста со вооружување и со воена обука. Тогаш во месноста „Ореовска корија“ загинале: Елпида Карманди-Бисера (ранета, потоа убиена), Мара Јосифовска-Ѓурга, Димитар Николовски-Таки Даскало, Димче Хаџипоповски, Ордан Михајловски-Оцка и Јоска Јорданоски-Сандански.
Коментирај