Манастир „Света Троица“, село Тројаци (во изградба)
Манастирот „Света Троица“ во село Тројаци (во изградба) се наоѓа во близина на селото Тројаци, на патот кон селото Царевиќ. Според иницијативниот одбор за градба на манастирот, темелите се поставени врз градба од постар период, за која се верува дека, исто така, бил манастир. За ова сведочат и откопаните камења од старата градба на местото на денешната манастирска црква.
Осветувањето на темелите го изврши Митрополитот Петар на 12 јули 2006 година.
Коментирај