Мало Рувци е ридско село од збиен тип, сместено западно од Прилеп на надморска височина од 734 метри.
Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Бушци (Bouchtzi) е посочено како село со 27 домаќинства и 129 жители христијани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Руфци Мало имало 220 жители христијани.
Во почетокот на XX век, Рувци било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мало Рувци имало 160 христијани егзархисти.
Во 1955 година во во Мало Рувци имало 49 домаќинства, а според пребројувањето од 2002 година селото има 22 жители.
Во 1892 година од познатиот прилепски мајстор Ристе Тасламиче е изградена црквата Вознесение Христово. Селската слава во Мало Рувци е Спасовден.
Потезите во селото се викаат: Штавички пат, Голема нива, Лозја, Комарчани, Мечоец, Цуцулина, Голема ливада и Барутчица. Групите на куќите се викаат по главните родови: Чакмаковци, Карбевци, Бошовци.
Потеклото на родовите во Мало Рувци:
Мустревци од Добрушево, Чакмаковци од Штавица, Марковци од Марул, Карбевци од Ерековци, Бошевци од Кадино Село, Џураковци и Мечовци во 1949 година се доселиле од селото Тушин (Воденско). За родовите Џајковци, Ширковци, Пажевци и Кузмановци нема податоци за нивното потекло.
Иселени родови:
Од родот Мустревци, има иселеници во Чумово, каде што се викаат Батковци, а родот Дурлевци се иселени во Волково. До 1912 во селото имало 12 македонски куќи и 12 турски читлуци. Газдите на читлуците живееле во Битола, од кој само еден бил од Прилеп.
За време на Балканските војни од Мало Рувци имало еден доброволец. Ангел Николов служел во втората дружина во Македонско – Одринското ополчение.
Коментирај