Македонит (Macedonite) PbTiO3 е минерал кој претставува титанат на оловото. Првпат е откриен 1971 година во пегматитско-хидротермалните жици што се појавуваат во серијата на сиенитите на локалитетот Кара Камен (Црн Камен) помеѓу селата Шелеверци и Алинци.
Самата појава и минерализација претставува раритет во светски рамки бидејќи на едно место се среќаваат различни минерали по генеза и по состав
Минералот Македонит PbTiO3 по состав е оловотитаниумоксид, тетрагонално кристализиран и обично се појавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност.
Во пегматитско-хидротермалните жици кај Шелеверци и Алинци, Македонитот се појавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот и арафедсонитот познат како влакнест амфибол.
Кара Камен како наоѓалиште претставувало раритет од светски рамки како од стопанска, минеролошка така и од археолошка гледна точка, но почнувајќи од шеесеттите години наваму некои несовесни луѓе се сетиле минералите да ги користат како кршен камен за подигање на насипите на реката Црна и изградба на патишта така што денес нема ни трага од монументалните карпи. За жал истиот тренд на експлоатација и уништување продолжува и денес…
Основни податоци за Македонитот:
Име: Македонит, Macedonite, Macedonita, Macedonit
Хемиска формула: PbTiO3
Откриен: 1971 година
Боја: Црна со траги на кафена и темно зелена боја
Јачина: 5.5 – 6
Кристален систем: Тетрагонален
Молекуларна тежина: 303.08 gm
Состав:
Titanium (Ti )
Тежина (%):15.79
Атоми :1
Атоми (%):20.00
Атомска тежина (u):47.8671000
Вкупна тежина (u): 47.8671000
Plombium (Pb )
Тежина (%):68.37
Атоми :1
Атоми (%):20.00%
Атомска тежина (u): 207.2100000
Вкупна тежина (u): 207.2100000
Oxygen (O )
Тежина (%):15.84
Атоми :3
Атоми (%):60.00
Атомска тежина (u): 15.9994300
Вкупна тежина (u): 47.9982900
Коментирај