НОВ ЛОВЕЧКИ ДОМ ВО ПРИЛЕП
Списание „Ловец“ бр.3
Мај/јуни 1978 година
„На 14 Мај Општинската ловна заедница од Прилеп одбележа еден од своите најголеми успеси.
Во чест на Денот на младоста и на XI конгрес на СКЈ, го отвори и на свечен начин го пушти во редовна употреба новоизградениот ловечки дом во Прилеп.
На свеченоста, покрај голем број ловци и гости, присуствуваа и највисоките функционери на Ловечката организација на Македонија.
Меѓу нив се наоѓаа претседателот на Собранието на Сојузот на ловечките организации на Македонија Боге Кузмановски, претседателот на Извршниот одбор на Сојузот, проф д-р Борис Трпков, долгогодишниот познат фупкционер па Ловечката организација на Македонија, Јовко Јовковски и главниот и одговорен уредник па списанието „Ловец“ Инж. Благоја Козар.
Од поканетите гости од градот присуствуваа претседателот па Извршниот совет па Собранието на Општината Прилеп Трајче Георгиески и претседателите па Собранието па општината Василе Соколоски и Милорад Думбалоски, секретарот па Извршниот совет па Собранието на општината Борис Ристески, претседателот па Општинската конференциј на ССРН, Димче Чавкароски, потпретседателот на здружението на борците од НОБ, Љубен Божиноски, ловниот инспектор инж.Томислав Заревски, командирот на одделението за контрола и регулирање на сообраќајот Ристо Шиклески и други.
Присутните ловци и гости ги поздрави претседателот на Општинската ловна заедница Јоска Богески.
Притоа ја подвлече улогата на Заедницата како организирана целина со обемен број општествени обврски, при што укажа дека ловечката организација врши мисија на облагородувач на човековата околина и дека нејзините членови преку ловниот спорт ги одржуваат психофизичките способности и се секогаш подготвени да бидат чувари на придобивките од НОБ и на нашата социјалистичка самоуправна изградба.
Свеченото отворање на домот се одбележи со традиционално сечење на лента кое го изврши претседателот на Собранието на Сојузот на ловечките организации на Македонија, Боге Кузмановски.
Точно во 10,15 часот Боге Кузмановски се упати кон влезот на ловечкиот дом пред кој беа построени шестмина униформирани ловочувари на Општинската ловна заедница и ја пресече лентата.
Спонтан и долготраен аплауз го проследи свечениот чин, по што гостите и ловците влегоа во домот за да го разгледаат и да поминат во него неколку пријатни часови.
ЛОВЕЧКИОТ ДОМ – ГОРДОСТ НА ПРИЛЕПСКИТЕ ЛОВЦИ
Секој што ќе го види и ќе го посети ловечкиот дом па Општинската ловна заедница во Прилеп ќе остане восхитен од неговата комплетна убавина.
Лоциран во центарот на старата прилепска чаршија и успешно вклопен во нејзиниот амбиент, претставува зграда од два ката со вкусно обликувана фасада, која ја красат балкончиња и орнаменти а во приземјето е сместена и продавница за ловни и риболовни спортски реквизити.
Влезот во домот, скалите и ходниците се изработени од квалитетен бел мермер. На два ката се наоаѓаат две пространи и луксузно опремени сали, наменети за разонода и релаксација на ловците.
Во нив се сместени два билијара, неколку гарнитури за шах и за други друштвени игри а миндерлаци, удобни фотељи и модерни столици со маси го дополнуваат богатиот ентериер.
Амбиентот го прават уште попријатен елегантната ламперија на ѕидовите и неколкуте таписерии вградени во нив, како и бројните експонати на вешто препариран дивеч отстрелан во пространите прилепски ловишта.
Во меѓукатот, одделно од салите, се сместени три работни простории, сала за конференции (Кабинет на Претседателството на Заедницата), работна канцеларија на Заедницата и работна просторија на Спортското риболовно друштво на градот.
И овие простории се вкусно подредени со нов мебел и бројни експонати.
Општ е заклучок дека домот во Прилеп, засега е најмодерен и најубав во цела Македонија.
За ова посебно заслуга имаат Градежното претпријатие „Пелагонија“ што ја изврши градбата на објектот, Собранието на Општината Прилеп, ПТТ и сите организации и поединци што учествуваа во неговата изградба и опремување, а пред се Општинската ловна заедница која самопрегорно се заложи да му обезбеди на своето членство простран и раскошно современ дом.“
Нада Ангеловска
Фотограф:
Кирил Силјаноски
Голема благодарност до Ристески Горан за отстапениот материјал
Коментирај