Љупчо Димовски е роден на 5 ноември 1957 година во Скопје.
Во ФК Победа бил голман во првенствената 1984 година.
Тогашното првенството го завршил успешно со примени само 10 голови.
Димовски фудбалската кариера ја започнал како голман во Вардар.
Настапувал за Работнички, Тетекс, Победа, Беласица, Металург и други клубови, а бил и репрезантивец. По завршувањето на фудбалската кариера своето искуство го споделува и како тренер на повеќе фудбалски екипи во земјава и странство.
Бил тренер на младинската екипа на ФК Вардар и помошник на првиот стратег на „црвено-црните“, Ѓоко Хаџиевски.
Во 2004 година добива ангажман во Грција каде што се стекнува со престижната тренерска ПРО А-лиценца на УЕФА.
Коментирај