Лидија Амижиќ Иваноска е родена 1938 година во Белград.
Како ученик ја посетувала Средната театарска школа во Нови Сад.
Првиот професионален ангажман во Македонија го добива во Штип во 1958 година.
Своите позначајни актерски остварувања ги постигнува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Како актерка ќе биде запаметена по улогите: Лаура („Татко“ од Стринберг), Леа („Лисица и грозје“ од Фигирадо), Мајката („Крвави свадби“ од Лорка).
Коментирај