Ленче Секуловска - Веда

Ленче Секулоска – Веда

Ленче Секулоска – Веда е родена 1923 година во Прилеп, во големото семејство на Секуле и Ташка.

Таткото на Ленче бил прочуен сараф во Прилеп, кој имал голем имот со земја, како и чифлици во селото Пешталево. Во 1938 година Ленче за прв пат дошла во допир со илегалната организација на Прилепската гимназија. Во гимназиските денови се дружела со своите соученички – Вера Долгоска, Милка Антиќ, Сика Николоска, Милка и Ратка Плетварец и Марга Црвенкоска. Со истите овие девојки подоцна другарувала и во револуционерната организација.

Учествувала во создавањето на првиот партизански одред „Гоце Делчев“ и била курир на МК на СКОЈ и на прилепскиот партизански одред, во кој кратко време била и негов борец. Во декември, 1941 година таа била уапсена од бугарската полиција. Во записникот од истражниот затвор во Скопје, воден од истражниот судија потпоручник Вл. Мавродиев, на 26 декември 1941 стои:

„Од еден месец наваму, откажувам да дадам објаснување за животот воден од мене, а исто така да го соопштам и местото на моето престојување. На поставените прашања дека сум била во планините кај избеганите комунисти од град Прилеп, исто така се откажувам да одговорам. Во есента 1941 година не сум влегла и не сум станала членка во илегалната група на младинците од град Прилеп, која се вооружила и живеела во шумите и пештерите во Прилепско. Не признавам дека сум крива, затоа што тоа не е точно. Јас никогаш не сум била во четата на младинците, никогаш не сум го напуштила Прилеп и не сум приклучена кон групата за која станува збор. Друго ништо не знам… Горново го напишав своерачно за кое и се потпишувам“.

Ленче Секулоска била осудена на 5 години темничен затвор. Казната ја издржувала во затворите во Скопје и Варна. По ослободувањето се вратила во Прилеп каде што била избрана за член на околискиот комитет на НОМСМ и член на главниот одбор на НОМСМ.
Најпрво се вработила во ЦК на СКОЈ во Белград. Потоа, извесно време поминала во Југословенските амбасади во Јужна Америка.
Незината ќерка Лилјана е академски сликар.
Ленче почина на 9 март 1987 година во Белград.

Ордени и признанија:
- Партизанска споменица 1941 година
- 1949 година: Медал за заслуги за народ и орден Братсво и единство со сребрен венец.
- 1953 година: Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда.
- 1975 година: Орден за храброст
- 1975 година: Признание за револуционерна и повоена работа
- 1983 година: Орден братство и единство со златен венец

Нема Коментари

Коментирај