КУД „Мирче Ацев“

КУД „Мирче Ацев“

КУД „Мирче Ацев“

Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп е интерпретатор на народни игри и песни од Република Македонија – земја со доста големо културно богатство. Овој ансамбл е основан во 1947 година.

Во досегашната работа има покажано видни резултати. Во текот на своето постоење, членовите на овој ансамбл приредиле преку 2500 концерти за Прилепчани, а учествувале и на повеќе смотри и фестивали, како во Македонија така и во странство, каде што секогаш добивале истакнати признанија.

КУД „Мирце Ацев“ досега гостувал на скоро сите континенти во светот, достојно презентирајќи го македонскиот фолклор. Значајни се успесите постигнати на меѓународните фестивали:

- прво место во Ланголен, Англија 1969 година;
- прво место во Миделкерке, Белгија 1970 година;
- посебно признание во Овиедо, Шпанија 1970 и 1975 година;
- посебно признание во Ница, Франција 1979 година;
како и на многу други фестивали ширум земјите низ светот.

Младите играорци и играорки, со силен ентузијазам и голема љубов кон народните игри и песни, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од историското минато на македонскиот народ. Бројни се концертите кои што друштвото ги има одржано, како низ Македонија, така и надвор од неа. Покрај веќе наведените, вредно е да се споменат настапите во:

- Кедзиерзин, Козле, Полска 1994 година;
- Есме, Турција 1996 година;
- Големата турнеја низ Западна Европа: Франција, Германија ,Данска, Белгија во 1997 година;
- Романија 1998 година;
- Бергама, Измир, Турција 1999 година;
- Кедзиерзин, Козле, Полска 2000 година;
- Мароко 2000 година;
- Познањ, Полска 2001 година;
- Монт Брисон, Франција 2002 година;
- Виена, Австрија.

Исто така, тука се и многубројните гостувања, кои друштвото ги има остварено низ поранешните југословенски републики:

Во Република Србија:
- Рибарски бањи, Крушевац;
- Београд;
- „Видовдански сусрети“ во Стара Пазова;
- Јабука;
- Качарево;
- Сомбор;
- Бач – „Европски фестивал културне баштине“.

Во Република Хрватска :
- Гундинци;
- Штитар;
- Доњи Михољац;
- Ријека;
- Пула.

Исто така, друштвото има гостувано и во соседните држави, како Бугарија, и тоа во:
- Асеновград;
- Пловдив;
- Перник;
и во соседна Албанија, во Корча.

Голема чест и посебно задоволство е да се настапи на познатата манифестација „ГАЛИЧКА СВАДБА“, а таа чест ја имаше нашиот ансамбл во 2007 година, со изведбата на бисерите на македонскиот фолклор: „НЕВЕСТИНСКОТО ОРО“ и „ТЕШКОТО“, пред повеќе илјадната публика во Галичник.

КУД „Мирче Ацев“ моментално има повеќе од 250 членови, поделени во 5 групи, почнувајќи од најмалата група на возраст од 6-7 години, па според возраста до првата екипа.

Нема Коментари

Коментирај