Сателитска снимка од село Крушеани

Крушеани

Крушеани се наоѓа западно од Прилеп на надморска височина од 567 метри. Крушеани денес административно и припаѓа на општината Кривогаштани.

Во XIX век Крушеани било едно од најголемите села во Прилепската кааза. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Крушяни (Krouchiani) е посочено како село со 34 домаќинства и 163 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Крушояни имало 260 жители христијани.

Во почетокот на XX век, Крушеани било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Крушеани имало 160 христијани егзархисти, а во селото работело и бугарско училиште.

Според пребројувањето од 2002 година селото има 578 жители од кои 574 Македонци, 1 Србин и 3 останати.

Нема Коментари

Коментирај