Круме Кепески македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби и граматичар, роден е на 8 април 1909 година во Прилеп.
Завршил филологија на Белградскиот универзитет во 1935 година.
По ослободувањето, предавал Македонски јазик во Педагошката академија во Скопје. Автор е на првата Македонска граматика (1946 и коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година; потоа, на збирката анегдоти, хуморески и легенди, „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и други дела.
Почина на 3 ноември 1988 година, а постхумно му е доделен Орден за заслуги за Македонија .
marce May 4, 2012
bravo!!!!!!!!!!!!!!!!!!