Крум Тошев меѓу членовите на првата јазична комисија.

Крум Тошев

Крум Тошев е македонски славист, македонист и универзитетски професор.

Крум Тошев е роден во Прилеп на 16 февруари 1912 година. Завршил Гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1937). Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија. Како професор, го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје.

Бил раководител на Одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор и прв директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Бил уредник на списанијата „Македонски јазик“ и „Литературен збор“. Коавтор е на првиот „Македонски правопис со правописен речник“. Освен тоа, автор е на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование, како и поголем број научни и стручни трудови за основните карактеристики на фонолошкиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик.

Крум Тошев почина во Скопје во 1976 година.

Нема Коментари

Коментирај