Крал Марко...

Крал Марко

Крал Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво, не само на Македонците, туку и пошироко. Државата на Марко и Волкашин во некои извори се нарекува Бугарија. Дел од историчарите сметаат дека станува збор за географска и културолошка одредница, а не за етничка. Сепак, кралството на Волкашин е со средиште во Македонија, и затоа се смета за македонски крал.

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

За потеклото на семејството Мрњавчевиќ нема сигурни сознанија, бидејќи современите пишани извори не даваат податоци. Најстари податоци за ова семејство дава дубровничкиот писател Мавро Орбини од XVII век. Според него, тие потекнувале од Ливно во Херцеговина, од сиромашниот властелин Мрњава, кого Душан (цар, 1346-1355) го повикал на својот двор и многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини, прифатено е презимето Мрњавчевиќ за ова семејство и како такво одамна е востановено во литературата.

За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата „млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 година, Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на татка си и чичко си. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој е и единствениот легитимен крал на Царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата Немањиќи.

Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од српските големци, така и од Турците, кои сe посигурно завладувале со Балканот. Набргу некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи.

Постојат различни претпоставки за годината кога кралот Марко станал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 година, веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турски опсади на Прилеп и Битола во 1385 година, што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава. Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Музафер Туфан во „Кралот Марко во некои турски извори“ објаснува дека тоа се должи на „фактот дека, тој успеал најдолго да ја сочува внатрешната автономија и фактот дека, тој тоа го постигнал врз основа на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност на осојузување, дури и по цена на саможртва, со цел подолго да се опстане и да се сочува внатрешната автономија и соработка на Балканот“.

На 17 мај 1395 година во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело. Според Мавро Орбини, Крал Марко ја загубил битката против Мирчеа крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав, кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Булачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории сеуште не е потврдена од науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов, кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.

10 коментари

  • Micko December 4, 2013

    „Државата на Марко и Волкашин во некои извори се нарекува Бугарија.”
    Тоа беше нејзиното име само во бугарска имагинација во некаков паралелен свет. Од вашата презентација е јасно дека грбот на Мрњавчевци содржи српски хералдички симболи. Видете натписите во манастирот Трескавец. Јасно е дека Марко беше властела на средновековна Србија, чиј главен град беше Скопје. Тоа никаде не напишавте. Не постои оправдување да се скрие и искривува заедничка историја.

    Respond
    • PSF December 4, 2013

      Фактот дека тогаш немало народи, нации а имало и други граници кои почесто се менувале. Единствено нешто што ги врзувало народите била верата. За Марко кој е роден во Македонија но и за неговиот татко кој овде е наречен Димитрија Волкашин и за кого е малку веројатно е дека бил со потекло од Босна не можам да ти кажам дали се срби или бугари но можам да ти речам дека тоа што биле прилепчани во минатото денес ги прави македонци.

      Српскиот штит т.е грб е со византиско потекло исто како и двоглавиот орел
      Царскиот грб на Комнените:
      http://www.new-byzantium.org/SS.Knstnz.Stndrd.jpg
      Знамето на Палеолозите:
      http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f6/Flag_of_Palaeologus_Dynasty.svg/360px-Flag_of_Palaeologus_Dynasty.svg.png
      Царското знаме на Палеолозите:
      http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1c/Flag_of_Palaeologus_Emperor.svg
      Грбот на град Солун:
      http://www.fahnenkontor24.de/FOTW/images/g/gr-th14.gif

      Мотото „Βασιλεὺς βασιλέων βασιλεύων βασιλεύουσιν“ околу крстот има византиски корен, и кај србите и кај византијците значело: Крал на кралевите владее над кралевите… Се разбира имало и други варијации но сите имаат византиски корен а за популарноста на грбовите и знамињата придонела православната вера и роднинските врски со византискиот двор.

      Respond
  • Micko December 5, 2013

    Не е точно дека во тоа време немаше нации. Прочитате само, првата реченица од вашите извор:
    http://www.oldprilep.com/pisan-zbor/hrisovula-treskavec.html
    Хрсовоула на кралот Стефан Душан: „…јас, Стефан, кралот на сите српски и поморски земји …”.
    Законик на Душан на неколку места споменува разни народи кои живеат во земјата. Споменати се дури и Сасите (Бугарите не се споменати … ама баш никогаш).

    Respond
    • PSF December 6, 2013

      Уште од антиката хелените сите други народи ги нарекувале се едно име т.е Варвари (Дури и понапредните од нив) За време на Рим и Византија Sclavus бил роб, односно како и грците и тие сметале дека Склавините се сите народи кои живеат (И дошле надвор од царството), за словените (Иако некои се во дилема за тоа) :) ги нарекле така откако примиле слово (Писменост). За време на Византија зборот „Серби“ значел робови т.е израз за потчинетите народи, обувките на робовите се викале „Сербула“ (Османлиите потчинетите народи ги нарекувале „Раја“). Додека зборот Булгар, Вулгар, значел прост, неписмен кој исто така бил израз за потчинетите народи.

      П.С Така ме учеле, така ти кажувам, што не мора да значи дека е сето тоа вистина но ако се разбара човек по библиотеки и интернет ќе пронајде многу интересни верзии на оваа тема

      Respond
      • Micko December 7, 2013

        Тоа е «off topic» Крал Марко… Сега, не знаем каде и кога сте научиле тоа … Тоа не пишува дури и во бугарските читанки… Сите форми на искривени српската имиња (Сјарбин, Серб, Сербин, Срб итн.) се различни форми на истото прасловенско име Србин , збор кој значи раѓање, роднини, сродници, народ ( како и латинска gens, nation) , што значи “луѓе од иста крв ” и едно име … Зборот нема никаква врска со латинскиот збор servus,(i), (роб).

        Значењето на зборот Бугар ( Б’лгар ) не е целосно познат . Саму се предпоставува, како и потеклото на народ и нивната првобитна татковина. Турците користеше зборот булгар како синоним за “раја”. Уште еден интересен детал, Егејците од леринско кажа за гнила пченица да се “побугарила”.

        Respond
      • Micko December 7, 2013

        Повеќе за името Србин:

        Ѓорѓи Пулевски: „Речник од три јазика“, 1875.:

        Пн,
        Што је Србин и какво је това име кажими да знам?
        Од.
        Србин је име, христијанско и мушко, а срби се мнозина, иљи имиња,
        иљи људи а србиновци је ку^а која се зовед така. !

        Во Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971:
        Село Добрушево, Прилепски вилајет: (стр. 60)

        „Богдан Србин; …Димитри син на
        Србин; Тодор син на Србин …

        Етнограф академик проф. Др. Јован Ф. Трифуноски: (на српски, 1995.):
        Мушко лично име Србин, током турске владавине до 1912 године, и касније до завршетка Другог светског рата, било је раширено у западним крајевима данашње Македоније.Ти крајеви су: околина Гостивара и Тетова (или област Полог), околина Кичева, Брода (или област Порече), околина Дебра, Струге, Охрида, Велеса (област Бабуне), Битољско-прилепска котлина, област Железник или Демир-хисар итд.
        То су истовремено и крајеви раширености средњовековних словенских племена – Брсјака и Мијака. …
        У бројним селима наведених крајева, по житељима са личним именом Србин, данас потичу: 1) родови звани Србиновци; 2) делови села званих Србиновска махала; 3) и бројна топографска имена, на пример: Србинова њива, Србинов камен, Српска река (код Струмице), Србинце и други.
        Занимљиво је и то да је свака жена удата за мушкарца са именом Србин од венчања добијала име Србиница.
        Ја сам у родном селу Врутоку на извору Вардара код Гостивара дечаштво (1914-1925) провео у кућној задрузи са око 20 чланова.Старији брат мога оца Филип имао је крштено име Србин и умро је око 1940. године.А његову жену, са девојачким именом Израелка (скраћено: Иза) ја са својом браћом и сестрама називао сам стрином Србиницом.Примера таквих имена мушкараца и жена било је много.
        Само у ближој околини Гостивара мушкараца са именом Србин, и њихових жена у народу званих Србиница, у међуратном периоду (1918-1941 г.) познавао сам у овим селима: Печкову, Здуњу, Горњој Ђоновици, Сушици, Врутоку, Среткову, Церову, Тајмишту итд.

        И следећа занимљивост. Једна посмртна листа на улицама Скопља из 1980 године имала је напис Србин Србиноски.Радило се о умрлом досељенику из западног дела Повардарја (околина Кичева).

        Respond
        • PSF December 7, 2013

          Во списот DAI (De Administrando Imperio – За управување на царството) на Константин VII Порфирогенит прочитај ја глава 32 (на стр 153) „За Србите и земјата која сега ја населуваат“. Ова е прв пишан податок за населувањето на Србите и Хрватите.
          Тука ќе најдеш и за етимологијата на зборот Србин.
          Еве линк да го симниш:
          http://homepage.univie.ac.at/ilja.steffelbauer/DAI.pdf

          Monumenta Montenegrina, пишувањето на Свантери според забелешките на Гиљемо Тирски
          http://www.montenegrina.net/pages/pages1/antropologija/prilog_tumacenjima_nastanka_etnonima_srbi.htm
          Во Прилеп има семејство Гркоски па не значи дека се Грци, или Шабаноски но во никој случај не се работи за муслимани, а ги има и кај нас Србиноски… Можам да ти дадам полно примери и со фамилијарни прекари кој се пренесувале од татко на син како: Србино, Ѓуптино, Турчето итн, итн.
          За името Србиница…
          Кај нас се уште е вообичаено жената да ја викаат по името на мажот (нпр. Крсте-Крстејца, Трајко-Трајкојца, Алексо-Алексојца), јас некои мои баби ги знаев по тоа име а не по „моминското“ :)
          Зборот ни беше за етимологијата на зборот Србин а не за употебата како лично име. А за етимологијата има доста верзии така што си го прифаќаме тоа што ни одговара но тоа да им го оставиме на тие што се занимаваат со таа проблематика бидејќи секој си го брани својот национален став.
          Во овој случај не очекувам ти да ги прифатиш моите ставови но биди сигурен дека и јас не би ги прифатил твоите… :)
          Да го оставиме Марко да си почива на мира бидејќи избегавме далеку од темата на постов.

          На следниов форум има развиено прекрасна дискусија на оваа тема:
          http://www.vokabular.org/forum/index.php?topic=349.0

          Respond
          • Micko December 7, 2013

            Јас не сакам да коментирам понатаму, бидејќи ова нема никаква врска со темава. Ова за личното име Србин напишав, бидејќи ми беше многу интересно, особено кога е пишано на познати или високо компетентни луѓе (Пулевски и Трифуноски). Тоа име не постои како лично име во Србија. Сигурен сум дека овие луѓе не се така крстени зарад на “братство и единство”, но поради други причини …

  • makii August 28, 2017

    Читам и не верувам, да ли мислите дека со превод на името ке му ја смените нациа на човек-ВУКАШИН му било име, а од грбот на фамилија се гледа на кој народ припагал.Србин сум што дел од животот живеев во Прилеп,да ли по смрта ако станам светски прочуен ке ме прогласите првин за прилепчанец а после за македонец?А ме и интересира како ке ми го преведете името во тој случај?Името ми е Предраг па претпоставувам ке станам Премил.

    Respond
    • PSF August 28, 2017

      Ќе ви одговорам со прашања

      Дали ви е познато името Педро (Петар) Охмучевиќ и причината за составување на грбовникот по негова нарачка?
      Дали на парите кои ги ковал Волкашин стои некаде Вукашин или Мрњавчевиќ.
      Што пишува на медалјон од полилејот во Марковиот Манастир?
      Дали на српскиот грб има 4 „С“ или 4 „Б“?

      А за името ќе ви кажам дека ако како мал сте биле МИЛОВАН, сигурно на некого ќе му сте биле и ПРЕДРАГ и МИЛОДРАГ па дури и ПРЕМИЛ, бидејќи во вашиов случај сте растеле во македонска средина.

      Respond

Коментирај