Куќа во Костинци...

Костинци

Костинци се наоѓа северозападно од градот Прилеп, на надморска височина од 618 м и денес е село во Општина Долнени.

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Костинци е посочено како село со 48 домаќинства и 157 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) од 1900 година, Костинци имало 300 жители христијани.

Во почетокот од 20 век, Костинци било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Костинци имало 240 христијани егзархисти.

Според пребројувањето од 2002 година селото има 101 жители.

Нема Коментари

Коментирај