Печатот на Казалискиот духовен совет од Прилеп..

Константин Небреклиев

Константин (Кочо) Н. Небреклиев е македонски општественик.

Константин Небреклиев е роден во 1851 година во Прилеп. Бил активен учесник во борбата за самостојна Македонска црква. Заедно со Аце Јанов бил еден од активните учесници во возобновувањето на македонското читалиште „Надежда“ во 1874 година, од кога бил поставен и за благајник на читалиштето. Бил учител на Тома Николов во 1881 година. Николов го опишува Небреклиев како:

„…прочуен трговец, интелигентен и член на училишното настојателство…“

Во 1884 година, Константин Небреклиев бил избран во новиот состав на Прилепската црковно-училишна општина.

Нема Коментари

Коментирај