1903 година... Константин Кондов на советување со други војводи во Осоговските планини...

Константин Кондов

Константин Николов Кондов – Коста е роден во 1874 година во Прилеп.

По ослободувањето на Кнежеството Бугарија неговото семејство се преселило во Софија. Кондов завршил Воено училиште во Софија во 1894 година и една година (1894/95) бил учител во Дупница. Се вклучил во активноста на Македонскиот комитет. Во 1895 година бил меѓу основачите и на Македонското друштво „Единство“ во Дупница и бил негов раководител. Учествувал во Мелничкото востание организирано од Трајко Китанчев и Македонскиот комитет во 1895 година.

Истата година заминал за Одеса, каде што до 1898 година студирал право. Се вратил во Бугарија и бил учител во Габрово (1899-1900) и Јамбол (1900-1901).

Во 1901 година предводел чета на Македонскиот комитет, ги обиколувал Западните Родопи и Рила. Во 1902 година влегол во Кочанско. Учествувал во Горноџумајското востание во 1902 година, а на следната година со четата ги обиколувал во Велешко и Скопско. Фатен бил од властите, но по интервенцијата на рускиот конзул во Скопје бил ослободен. До 1908 година повторно бил учител во Габрово. Во 1904 година го издал „Борбата на Македонецот“. По 1908 година работел во Министерството за внатрешни работи.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел како командант на 4-тата чета при 9-тата Велешка дружина. Во 1913 година бил награден со орден „За храброст“ IV степен.

Горе на сликата:
1903 година
Константин Кондов на советување со други војводи во Осоговските планини.
Седнати од лево кон десно: Панајот Бајчев, Питу Гули, Коста Мазнејков, Христо Чернопеев, Андреј Христов, Тодор Христов.
Од лево кон десно: Никола Жеков, Константин Кондов, Сотир Атанасов, Тимо Ангелов, Никола Дечев и курирот Никола Сарафов.

Нема Коментари

Коментирај