Константин Иванов е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Константин Иванов е роден во 1872 година во Прилеп. Во 1899 година завршил Педагошко училиште во Скопје. Работел како учител во Дојран, Кукуш, Прилеп и на други места. Се присоединил кон ВМОРО. Во Кукуш (1900-1901) и во Прилеп (1901-1902) бил член на околиските револуционерни комитети. Во јануари 1902 година властите го уапсиле и бил осуден на смртна казна. По амнестијата бил учител во Царибродско, Бугарија.
Коментирај