Април 1979: Список на членовите на иницијативниот одбор

КК „Вишне“

КОШАРКАРСКИ КЛУБ „ВИШНЕ“

По иницијатива на Општинската конференција на ССРНМ-Прилеп, за формирање на општински кошаркарски клубови со крајна цел на создавање на Општинска кошаркарска лига, на 25 април 1979 година, иницијативниот одбор при МЗ „Корзо“, на основачаката конференција донесува одлука за формирање на Кошаркарски клуб „Вишне“.

ЗАПИСНИК

Од оснивачката конференција за формирање на Кошаркарски клуб “Вишне”, одржан на ден 11 мај 1979 година, со следниот дневен ред:
1) Отварање на оснивачката конференција за формирање на Кошаркарски клуб “Вишне” и избор на работни тела:
а) работно преседателство, 3 члена,
б) записничар,
в) оверачи на записник, 2 члена,
г) верификациона комисија, 3 члена,
д) кандидациона комисија, 3 члена
2) Информација за потребата од формирање на Кошаркарски клуб со дискусија.
3) Донесување на Статут на клубот, определување на името на клубот и донесување на одлука за бројот на членовите на преседателството.
4) Избор на преседателство, претседавачи, секретар, комисија за самоуправна контрола, дисциплинска комисија и комисија за општествена самозаштита.

Предложениот дневен ред се прихвати како таков од присатните и се прејде на работа.
Преседателот на иницијативниот одбор ја отвори оснивачката конференција и предложи работно преседателство од 3 члена во состав: Кирил Грашески, Кирил Ацески и Борка Здравески. Предлогот беше едногласно усвоен.
Потоа за записничар беше предложен Звонко Димески. Oверачи на записник: Стојаноски Трајко и Цветкоски Драган.
За верификациона комисија беја предложени: Симоноски Ѓорѓи, Анѓеловски Ацо и Пешоски Киро.
За кандидациона комисија беја предложени: Андоноски Петар, Василески Василе и Грујски Стеван.
Предлогот за овие тела беше едногласно прихватен.

II

По овaa точка преседателот на Иницијативниот одбор Борка Здравески, кажа дека на територијата на нашава месна заедница има голем број младинци и пионери кој се премногу заинтересирани за кошаркарскиот спорт и од ден на ден се јавува се поголема потреба за нивно организирано прихваќање во еден веков клуб, како би можело тој нивни афинитет кон овој спорт да се проширува и развива преку тренирање и такмичење на овој клуб во Општинската кошаркарска лига.

За дискусија се јави преседателот на младинската организција Кирил Ацески кој рече:
Во целост се сложувам со излагањето на Борка Здравески и ја поздравувам оваа иницијатива, бидејќи беше крајно време да ги опфатиме многубројните љубители на овој спорт од нашата месна заедница во еден ваков клуб, кој со својата работа и успеси ќе придонесе за уште поголемо афирмирање на нешава месна заедница.

III

По оваа точка членот на работното преседателство Кирил Грашески ги образложи пред присатните поважните моменти од Статутот не Кошаркарскиот клуб. Примедби за дополнување на Статутот немаше и со гласање Статутот беше едногласно прихватен.

IV

После ова членот на кандидационата комисија Андоноски Петар, ги соопшти имињата на можните членови на преседателството, четворица преседавачи и секретар.
За членови на преседателството беја предложени следните
другари:
1) Здравески Борка
2) Стојаноски Зоран
3) Ацески Кирил
4) Јанкоски Наум
5) Димески Звонко,
6) Грашески Кирил
7) Пацаноски Димитер
8) Трајкоски Борис
9) Камчески Војо
10) Хаџи-Спиркоски Пецо
11) Шапчески Томе

За преседавачи беја предложени следните другари:
1) Грашески Кирил
2) Здравески Борка
3) Камчески Војо
4) Шапчески. Томе

За секретар беше предложен: Ацески Кирил 

Дополненија и измени на предложените кандидати немаше и комплетната листа беше ставена на гласање и како таква едногласно беше усвоена.
Верификационата комисија константира, дека сите предложени кандидати за членови на преседателството, преседавачи и секретар е комплетно и безрезервно прихватено.

Нема Коментари

Коментирај