Април 1979: Список на членовите на иницијативниот одбор

КК „Корзо“

КОШАРКАРСКИ КЛУБ „КОРЗО“

По иницијатива на Општинската конференција на ССРНМ-Прилеп, за формирање на општински кошаркарски клубови со крајна цел на создавање на Општинска кошаркарска лига, на 3 април 1979 година, иницијативниот одбор при МЗ „Корзо“, на основачаката конференција донесува одлука за формирање на Кошаркарски клуб „Корзо“.

ЗАПИСНИК

од оснивачката конференција одржана на ден 8 април 1979 година со почеток во 10.00 часот за формирање на Кошаркарски клуб  при МЗ- Корзо, со следниот дневен ред:

1. Избор на работни тела на Конференцијата:

а) Работно претседателство од три члена

6) Записничар

в) Двајца оверувачи на Записникот

2. Усвојување на Статут и име на Клубот

3. Избор на органи и тела на Клубот

4. Избор на 5 (пет) делегати за во Општинскиот кошаркарски сојуз Прилеп.

I

За членови на работните тела на Конференцијата беа избрани:

а) Работно претседателство

1. Василка Варошаноска

2. Ленча Мицеска

3. Коста Мирчески

6) Записничар

1. Весна Трајкоска

в) Оверувачи на Записникот

1. Кирил Наумоски

2. Трајче Мицески

II

  Најпрво претседателот на Основната организација на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија при нашата Месна заедница, воедно и претседавач на Конститутивната конференција – другарката Василка Варошаноска, ги информира присутните за покренатата иницијатива за формирање на Општински кошаркарски сојуз Прилеп за што е формиран и Иницијативен одбор кој што има задача да се формираат што повеќе кошаркарски клубови во Месните заедници во градот и на село.

Истиот, неодамна упати предлог до Основната организација на Сојузот на социјанистичката младина и останатите општествено – политички организации и Советот на Месната заедница и во нашата Месна заедница да биде формиран кошаркарски клуб од причини што при ОО на ССМИ постои кошаркарска група која опфаќа дваесетина младинци што скоро редовно тренираат, а на неодамна одржаниот натпревар го зазедоа второто место меѓу екипите од градот.

Овој предлог е прифатен од страна на раководствата на општествено-политичките организации и Советот на Месната заедница и при тоа, формиран е Иницијативен одбор со чија што согласност е свикана и Конститутивнава конференција, а Основната организација на ССММ е задолжена истата да ја организира.

Потоа, Василка Варошаноска предложи да се усвои Статут на Клубот, предлагајќи го Предлог – статутот изработен од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Општински кошаркарски сојуз за Статут во кој ќе се внесат името на клубот, бројот на членовите на Извршниот одбор и другите органи и тела. Потоа, таа во главни црти ја изложи содржината на Статутот, предлагајќи евентуални измени и дополнувања да уследат подоцна на една од наредните седници на Конференцијата на клубот, напоменувајќи при тоа, дека ќе треба да се изработат и други нормативни акти на Клубот.

Со оглед на тоа, што предлогот на Варошаноска беше усвоен, Статутот беше ставен на гласање и едногласно со кревање на рака усвоен од присутните на Конференцијата.

По усвојувањето на Статутот се премина на предлагање на име на клубот.

Беа предложени следниве: “Корзо” и “Кире Гаврилоски – Јане”. Со мнозинство на гласови се усвои името на Кошаркарскиот клуб да биде: “КОРЗО” Решено е и, како печат да се користи печатот од ОО на ССМ.

По ова, едногласно е усвоено Извршниот одбор на Клубот да брои 13 делегати (членови), Одборот за самоуправна контрола 5, а дисциплинскиот суд и Комисијата за општествена самозаштита по 3 делегати (членови).

III

Претседавачот на Конференцијата ги запозна присутните со тоа дека за нормално функционирање на Клубот треба да се изберат: Претседател на Конференцијата на Клубот, кој што истивремено е и претседател на Извршниот одбор, членови на Извршниот одбор, (потпретседател, секретар и благајник бираат членовите на Извршниот одбор од својот состав) и претседатели и членови на Одборот за самоуправна контрола, дисциплинскиот суд и Комисијата за општествена самозаштита.

Најпрво, едногласно е предложен и избран претседател на Конференцијата, воедно и на Извршниот одбор ва клубот, тоа е другарот:

1. Кирил Наумоски

Потоа се предложени и збрани за членови на Извршниот одбор

следниве другарки и другари:

1. Василка Варошаноска

2. Трајче Мицески

3. Слободан Петрески

4. Борче Дамјаноски

5. Љупчо Котески

6. Трајче Дамески

7. Кире Ристески

8. Живко Маркоски

9. Јордан Војнески

10. Лилјана Николоска

11. Михајло Слабејкоски

12. Кирил Бабаноски

Веднаш од овој состав Извршниот одбор за потпретседател ја избра Василка Варошаноска, за секретар Трајче Мицески и за благајник Слободан Петрески.

Потоа беа избрани претседателите и членовите на Одборот за самоуправна контрола, дисциплинскиот суд и Комисијата за општествена самозаштита и тоа:

а) Одбор га самоуправна контрола

1. Љупчо Котески – претседател

2. Коста Мирчески – член

3. Марјан Ѓорѓиоски - член

4. Трајче Мицески - член

5. Бранко Петрески - член

6) дисциплински суд

1. Кирил Бабаноски претседател

2. Слободан Петрески - член

3. Хари Велкоски - член

в) Комисија за општествена самозаштита

1. Михајло Слабејкоски претседател

2. Мирко Јованоски – член

3. Венцислав Крстески - член

По завршувањето на изборот на органите и телата на Клубот, беше договорено доколку некој член на истите е неактивен или неговото членување во нив се коси со статутот, истиот што поскоро да биде заменет со нов член.

IV

За делегати во Конференцијата на Општинскиот кошаркарски сојуз Прилеп, беа предложени и едногласно избрани следниве другарки и другари:

1. Кирил Наумоски

2. Василка Варошаноска

3. Трајче Мицески

4. Никола Илиески

5. Марјан Горѓиоски

Со овој избор, Конститутивната конференција на Кошаркарскиот клуб “Корзо” ја заврши својата работа во 11,15 часот.

8 април 1979 год.

Прилеп

Нема Коментари

Коментирај