Екипата на КК „Бончејца“

КК „Бончејца“

КК „БОНЧЕЈЦА“

КОШАРКАРСКИ КЛУБ „БОНЧЕЈЦА“

 

По иницијатива на Општинската конференција на ССРНМ-Прилеп, за формирање на општински кошаркарски клубови со крајна цел на создавање на Општинска кошаркарска лига, на 22 ноември 1979 година, во просториите на Противпожарниот дом – Прилеп, иницијативниот одбор при МЗ Бончејца, на основачаката конференција донесува одлука за формирање на Кошаркарски клуб „Бончејца“.

ЗАПИСНИК

Од основачката Конференција на Кошаркарскиот клуб “Бенчејца”-Прилеп, одржана на ден 24 ноември 1979 година во просториите на Противпожарниот дом – Прилеп.

На оснивачката конференција присуствуваа голем број на жители на Месната заедница и младинци.

За основачката конференција беше предлежен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Избор на работно претседателство, записничар и двајца оверувачи

2. Воведно излагање за значењето на кошаркарскиот спорт и интересот на МЗ за тој спорт.

3. Избирање на Кандидациона комисија.

4. Донесување на Статутот, определување на името.

5. Избер на Претседателство и претседавачи.

 

TEK HA РАБОТATA:

Претрес:

По првата точка од дневниот ред беше предлежено работно претседателство во состав: Ѓорѓиоски Методија, Јончески Славчо и Јованоски Боце. За записничар Силјаноски Кирил и за оверувачи на записникот Максимоски Живко и Силјаноски Ристо.

Бидејки никој повеќе не се јави за збор и затоа предложените другари беа едногласно усвоени од собранието.

Излагање:

По втората точка од дневниот ред уводен збор поднесе Чешлароски Бранко, кој во своето излагање особено го подвлече интересот на младите од нашата Месна заедница за овој спорт а воедно и значењето на спортот во развивањето на комплетна личност на нашиот социјалистички младинец.

Претрес:

По воведното излагање на Чешлароски Бранко во дискусијата учествуваа повеќе членови и сите го потврдија настојувањете на МЗ да се формира Кошаркарски клуб во нашата Месна заедница.

Заклучок:

1. Да биде формиран КК во нашата МЗ и сите заеднички му помогнеме во реализирањето на својата програма и што помасовно учество на младите во клубот.

Излагање:
По третата точка од дневниот ред се предложи листа на можна кандидациона комисија што ќе му предложи на оснивачката конференција можни кандидати за Претседателство и Одбор за самоуправна контрола и Дисциплински суд, како и Комисија за Општествена самозаштита.
За можни кандидати на Кандидационата комисија беа предложени следните другари: Брсакоски Драган и Дамески Кирил.

Претрес:
По предогет на кандидационата комисија сите присутни одногласно беше усвоена комисијата.

Излагање:
По четвртата точка од дневниот ред беше пречитан статутот на кошаркарскиот клуб, кој воедно преставува составен дел на Статутот на Сојузот на КК на нашиот град.

Претерес:
Бидејки никој не се јави за дискусија Статутот беше едногласно усвоен од сите присутни на Конференцијата.

Заклучок
1. Се усвојува статутот не целест како што беше предложен
2. Се определува името на Кошаркарскиот клуб да биде
“Бончејца”
3. Се утврди да Претседателството брои 7 члена.

Излагање:
По петтата точка по извршеното гласање за можните кандидати за претседателство, Одбоер за самоуправна контрола и Дисциплински суд, како и Комисија за Општествена самозаштита.
Предлогот на кандидационата комисија по извршеното гласање ги избра следните другари за Претседателство на клубот:
1. Кулески Кирил – претседавач
2. Кромидоски Славе – член
3. Чешлароски Бранко – член
4. Дамески Кирил - член
5. Кулески Велче – член
6. Петрески Звонко – член
7. Јончески Веселин – член


Одбор за самоуправна контрола: Шумкески Златке, Јованоски Боце, Никоски Ицко, Брсакоски Благоја и Стојчески Душко.
Дисциплински Суд: Момироски Слободан, Силјаноски Ристе и Максимоски Живко.
Комисија за опшествена самозаштита: Иваноски Тони, Јенчески Славче и Божиноски Драган.


Бидејки сите предложени кандидати во телата и органите на Кешаркарскиот клуб беа изгласани од сите присутни на Оснивачката конференција затоа се денесе следниот:

ЗАКЛУЧОК:

1. Се усвојуваат сите предложени членови на Претседателството кои ќе го водат клубот во мандат од четири години;
2. Се усвојуваат предложените кандидати во Одборот за самоуправна контрола, Дисциплински суд и Комисија за опшествена самозаштита ве целост од сите присутни на Оснивачката конференција.
Со изборот на Претседателството и комисиите, како и усвојувањето на Статутот на КК и давањето на наговото име КК “Бенчејца” заврши работата на Основачката канференција на Кошаркарскиот клуб.

Нема Коментари

Коментирај