1200px-Flag_of_PR_of_Macedonia.svg

Кирил Георгиевски – Дејан

Кирил (Киро) Данаилов Георгиевски сo псевдоним Деjaн е македонски партизан, деец на НОВМ, полковник од редот на Југословенската народна армија.

Роден е на 15 август 1910 година во Прилеп. Завршил технички факултет на Белградскиот универзитет. Во 1941 година станал член на ЈКП. Се вклучил во југословенската комунистичка илегала и за своите активности бил осуден на смрт. При крајот на 1943 година станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ и на второто заседание на АВНОЈ.

Георгиевски, како емисар на ЈКП, му дал идеја на Наум Пејов да ги организира некои од членовете на СНОВ и активисти на СНОФ в одделен одред, кој подоцна се префрлил во Југославија. До 1945 година бил заменик-началник на ОЗНА за Македонија. По Втората светска војна бил назначен за министер на комуналните работи во Социјалистичка република Македонија. Потоа бил и претседател на Комисијата за планирање на СРМ, генерален секретар на Собранието на СРМ, претседател на Републичкиот совет на Собранието на СРМ. Бил член и на ЦК на МКП и на ЦК на ЈКП и претседател на Црвениот крст за Македонија.

Кирил Георгиевски-Дејан е носител на Партизанска споменица – медал од 1941 година.

Нема Коментари

Коментирај